Villa Eleni – Amoliani
Villa Eleni е прекрасно уредена вила, лоцирана во самиот центар на Амолијани, идеална за мирен и пријатен летен одмор. Благодарение на одличната позиција, гостите имаат лесен пристап до плажите, таверните, кафулињата и локалните продавници во местото.
Секоја соба располага со:
- комплетно опремена кујна со кујнски инвентар,
- мал фрижидер со комора,
- плотна со две рингли,
- сопствено купатило и WC,
- клима уред,
- телевизор,
- бесплатен Wi-Fi интернет.
На располагање е и јавен паркинг, според принцип „прво слободно место“.
Студија во Villa Eleni
Studio Бр.5 – 1/3 Студио
Сместено на високо приземје, студиото располага со:
- еден дупол кревет за 2 лица,
- еден единечен кревет,
- плакар за облека,
- кујна со аспиратор, вградена плотна со две рингли, мал фрижидер со комора и комплетен кујнски инвентар,
- маса за ручавање,
- ТВ и клима уред,
- сопствено купатило и WC,
- мала тераса и двор со маса и столици.
Studio Бр.6 – 1/3 Студио
Сместено на високо приземје и опремено идентично како Studio Бр.5:
- еден дупол кревет,
- еден единечен кревет,
- комплетно опремена кујна,
- купатило,
- ТВ, клима,
- мала тераса и двор.
Studio Бр.7 – 1/3 Студио
Сместено на високо приземје, студиото располага со:
- еден дупол кревет,
- еден единечен кревет,
- комплетно опремена кујна,
- маса за ручавање,
- ТВ и клима уред,
- сопствено купатило,
- мала тераса и двор.
Во студијата е дозволено сместување согласно предвидениот капацитет. Со претходно одобрување и доплата од 10€ по ноќ, може да се смести уште едно дете до 6 години во кревет со родител.