Villa Alberti – Шенѓин, Албанија
Шенѓин беше една од омилените летни дестинации за туристите од Македонија во 2024 и 2025 година. Ова популарно туристичко место на Јадранското Море се наоѓа на околу 310 километри од Скопје и е познато по својата широка песочна плажа долга 5 километри, идеална за долги прошетки и релаксација покрај море.
Шеталиштето, долго повеќе од 2 километри, е исполнето со ресторани, кафулиња, сувенирници и игралишта за деца, што го прави Шенѓин одличен избор за семеен одмор. Цените на лежалките се пристапни и започнуваат од околу 5 евра за двајца, во зависност од периодот на летување.
Вила „Alberti“ се наоѓа на самата плажа и во непосредна близина на центарот на Шенѓин. Располага со:
- студија за 4 лица (брачен кревет и кревети на спрат),
- апартмани за 5 и 6 лица,
- сместувачки единици на прв и втор кат (без лифт).
Сите студија и апартмани се опремени со:
- мини кујна,
- фрижидер,
- решо со една рингла,
- телевизор,
- купатило,
- балкон,
- клима уред,
- WiFi интернет.
На располагање на гостите има и две машини за перење алишта, како и паркинг со ограничен број места. Во собите нема пешкири.