Villa Rania – Neos Marmaras
Неос Мармарас е најголемото приморско место на вториот крак на Халкидики – Ситонија, и важи за едно од најпопуларните и најкосмополитски туристички места во регионот.
Во текот на летната сезона, местото привлекува илјадници туристи кои уживаат во прекрасните плажи, живописната природа, прекрасниот поглед кон малиот остров Келифос, како и во богатата понуда на ресторани, барови, ноќен живот и романтични вечерни прошетки низ тесните улички на градот.
Villa Rania се наоѓа на одлична локација, на само 150 метри од најголемата плажа во Неос Мармарас (околу 3 минути пешачење) и околу 300 метри од центарот на градот.
Објектот располага со:
- два апартмани за 3 лица,
- три апартмани за 4 лица со две одделни соби,
- еден апартман за 5 лица.
Сите апартмани се опремени со:
- сопствена кујна,
- приватно купатило,
- тераса,
- клима уред,
- WiFi интернет.
Дел од апартманите имаат поглед кон морето, додека останатите нудат поглед кон планината и околната природа.
Во вилата е достапен WiFi интернет, но агенцијата не гарантира за брзината и стабилноста на интернет конекцијата. Поради тоа, се препорачува гостите да активираат интернет пакет за користење во странство. За повеќе информации, контактирајте го вашиот мобилен оператор.