Villa Eva – Неа Флогита
Villa Eva (поранешна Villa Corfu) се наоѓа во самиот центар на Неа Флогита, на само 50 метри од плажата, спроти хотелот „Corfu“. Благодарение на одличната локација, гостите имаат брз и лесен пристап до плажата, шеталиштето, рестораните, кафулињата и продавниците во центарот на местото.
Вилата располага со четирикреветни студија и четирикреветни апартмани, сместени на втор и трет кат, сите опремени со комплетно функционална кујна, сопствено купатило, клима уред, телевизор и тераса за пријатен престој.
Типови на сместување
- Студио бр.7 – трет кат, со еден брачен кревет и два единечни кревети. Во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со голем фрижидер и мини шпорет со релна. Располага со клима уред, ТВ и тераса.
- Апартман бр.8 – трет кат, со посебна спална соба со брачен кревет и два единечни кревети во дневниот простор. Кујната е опремена со голем фрижидер и мини шпорет со релна. Апартманот има клима уред, ТВ и тераса.
- Студио бр.9 – трет кат, со еден брачен кревет и два единечни кревети, кујна со голем фрижидер и мини шпорет со релна, клима уред, ТВ и тераса.