About Us
Ние сме нова, прва и единствена од ваков тип посредувачка компанија за патувања во Македонија. Поттикнати и инспирирани од истите сценарија секоја сезона, долготрајната потрага за идеалниот одмор, се решивме да направиме алатка која ќе ви помогне на полесен и поедноставен начин да ги одберете вашите следни дестинации. Знаејќи колку исцрпувачка знае да биде потрагата по идеалниот одмор кој е секогаш некаде измеѓу желбите и можностите, ние ќе ви помогнеме да успеете да го добиете најдоброто!
How it works?
Едноставно, испратете ни барање за одмор. Што сакате да добиете од одморот и колкав буџет имате за тоа? Земајќи ги во предвид вашите желби и потреби, како и вашиот буџет, нашиот тим бесплатно ќе ви испрати понуда/и за дестинација, сместување и сé останато од некоја од најдобрите и најискусните туристички агенции кај нас и во регионот. Вие само замислете, а ние ќе бараме за вас!
РИА ТРАВЕЛ ДОО експорт импорт Скопје
Ул. ГЕОРГИ ДИМИТРОВ Бр.16/3 СКОПЈЕ
ЕМБС: 7824785
Трансакциска сметка 270078247850180 ХАЛК БАНКА АД СКОПЈЕ