Villa Fani – Неа Фокеа, Халкидики
Неа Фокеа се наоѓа на околу 40 километри јужно од Полигирос и 80 километри од Солун. Местото е познато по својата долга песочна плажа, чистото и плитко море и прекрасната атмосфера за мирен летен одмор. Покрај брегот се протега живописно пристаниште со шарени рибарски чамци, а посетителите можат да уживаат во организирана плажа со лежалки, чадори, beach bar и бројни таверни и ресторани со морски специјалитети.
Куќа „Fani“ е сместена во мирен дел на почетокот на Неа Фокеа, под локалната улица, на околу 80 метри од морето и плажата, до кои се пристигнува преку 15–20 скали. Под вилата се протега прекрасно шеталиште долго околу 1 км кое води до светилникот.
Вилата располага со:
- трикреветни студија,
- апартмани на високо приземје и прв кат,
- комплетно опремени кујни,
- LCD телевизори,
- сопствено купатило,
- клима уред и интернет (вклучени во цената),
- тераси со поглед кон морето,
- паркинг покрај објектот.