Villa Eleni – Amoliani

Villa Eleni е прекрасно уредена вила, лоцирана во самиот центар на Амолијани, идеална за мирен и пријатен летен одмор. Благодарение на одличната позиција, гостите имаат лесен пристап до плажите, таверните, кафулињата и локалните продавници во местото.

Секоја соба располага со:

  • комплетно опремена кујна со кујнски инвентар,
  • мал фрижидер со комора,
  • плотна со две рингли,
  • сопствено купатило и WC,
  • клима уред,
  • телевизор,
  • бесплатен Wi-Fi интернет.

На располагање е и јавен паркинг, според принцип „прво слободно место“.

Студија во Villa Eleni

Studio Бр.5 – 1/3 Студио

Сместено на високо приземје, студиото располага со:

  • еден дупол кревет за 2 лица,
  • еден единечен кревет,
  • плакар за облека,
  • кујна со аспиратор, вградена плотна со две рингли, мал фрижидер со комора и комплетен кујнски инвентар,
  • маса за ручавање,
  • ТВ и клима уред,
  • сопствено купатило и WC,
  • мала тераса и двор со маса и столици.

Studio Бр.6 – 1/3 Студио

Сместено на високо приземје и опремено идентично како Studio Бр.5:

  • еден дупол кревет,
  • еден единечен кревет,
  • комплетно опремена кујна,
  • купатило,
  • ТВ, клима,
  • мала тераса и двор.

Studio Бр.7 – 1/3 Студио

Сместено на високо приземје, студиото располага со:

  • еден дупол кревет,
  • еден единечен кревет,
  • комплетно опремена кујна,
  • маса за ручавање,
  • ТВ и клима уред,
  • сопствено купатило,
  • мала тераса и двор.

Во студијата е дозволено сместување согласно предвидениот капацитет. Со претходно одобрување и доплата од 10€ по ноќ, може да се смести уште едно дете до 6 години во кревет со родител.

 

Description

Цени за 1/3 студио (бр. 5, 6 и 7)

Термин Цена
29.05 – 05.06.2026 179€
05.06 – 12.06.2026 259€
12.06 – 19.06.2026 369€
19.06 – 26.06.2026 419€
26.06 – 03.07.2026 449€
03.07 – 10.07.2026 539€
10.07 – 17.07.2026 559€
17.07 – 24.07.2026 599€
24.07 – 31.07.2026 599€
31.07 – 07.08.2026 599€
07.08 – 14.08.2026 599€
14.08 – 21.08.2026 599€
21.08 – 28.08.2026 589€
28.08 – 04.09.2026 499€
04.09 – 11.09.2026 429€
11.09 – 18.09.2026 239€
18.09 – 25.09.2026 179€

Цената на аранжманот вклучува

  • Наем на 7 ноќи / 8 дена
  • Паркинг спроти вилата (прво слободно место)
  • Клима уред
  • Интернет (не се гарантира брзина и стабилност)
  • Пешкири
  • Тоалетна хартија и сапун

Цената на аранжманот не вклучува

  • Превоз
    • Возрасни: 50€ повратен билет
    • Деца до 11.99 години: 35€
    • Билет во еден правец: 35€
    • Прв ред седишта: доплата 20€
    • Избор на останати седишта: 10€
    • Деца до 2 години: бесплатно
  • Бродска карта
    • Возрасни: 10€
    • Деца 2–11.99 години: 7€
  • Туристичка такса – 2€ на ден (се плаќа во агенција)

Напомени

  1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  2. Цените се изразени во евра, а плаќањето се врши во денарска противвредност (1€ = 62 МКД).
  3. Во апартманите е дозволено сместување според бројот на кревети.
  4. Попустите за рана резервација не се комбинираат со други попусти.
  5. Организаторот го задржува правото за Ultra First, Last Minute и Black Friday понуди.
  6. Резервацијата е валидна со уплата од 30% аванс.
  7. При отказ се задржуваат манипулативни трошоци од 620 МКД.
  8. Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето до 09:00 часот.
  9. За последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин.
  10. Гостите се должни сместувањето да го остават во чиста состојба.
  11. Превозот може да биде организиран со автобус или комбе, во зависност од бројот на патници.

Популарна понуда Побарајте достапност навреме

Термините брзо се пополнуваат. Испратете барање и нашиот тим ќе ве контактира со најдобра понуда.

Јавете се: 074 223 408
Ria Travel

Прашај за достапност

Пополнете ги податоците и нашиот тим ќе ве контактира со понуда за Villa Eleni – Amoliani.