Опис
Тиват – Хотел Камелија 2*
По успешната прва сезона во 2025 година и големиот број задоволни патници, Тиват повторно е дел од нашата летна понуда за 2026 година, со уште повеќе термини и можности за незаборавен одмор на црногорското приморје.
Оваа програма е идеален избор за патници кои сакаат активен одмор исполнет со плажи, екскурзии, крстарења и истражување на најубавите места на Јадранското крајбрежје. Доколку сте љубител на нови дестинации, прекрасни плажи, историски градови и динамичен одмор, Тиват е вистинскиот избор за вас.
Сместувањето е организирано во Хотел Камелија 2*, кој се наоѓа директно на плажа и располага со приватна плажа, два базени, ресторан, бар, спортски терени и приватен паркинг. Хотелот е оддалечен околу 20 минути пешачење од престижниот комплекс Порто Монтенегро и околу 30 минути од центарот и шеталиштето во Тиват.
Сите аранжмани се на база 7 ноќевања со појадок и вечера, со организиран автобуски превоз и туристички придружник од агенцијата за време на патувањето и престојот.
За хотелот
Хотел Камелија располага со:
- Приватна плажа
- Два надворешни базени за возрасни и деца
- Бесплатни лежалки покрај базенот (ограничен број)
- Ресторан со капацитет од 500 седишта
- Бар со тераса
- Терен за кошарка
- Терен за тенис
- Терен за одбојка
Собите се опремени со:
- Сопствено купатило
- Клима уред
- Фрижидер
- Брачен или два единечни кревети
Напомена: Поголем дел од собите со два единечни кревети немаат можност за нивно спојување. Во собите нема мини кујна.
Попусти за деца
- Дете до 2.99 години – бесплатно сместување и превоз
- Дете од 3 до 11.99 години на редовно легло во 1/3 соба – 299 €
Ценовник – Лето Тиват 2026 (Хотел Камелија 2*)
| Период | Ноќевања | 1/2 DBL HB | 1/2 TWIN HB | 1/3 HB |
|---|---|---|---|---|
| 07.07.2026 | 7 ноќи | 379 € | ПРОДАДЕНО | 359 € |
| 14.07.2026 | 7 ноќи | 399 € | 369 € | 369 € |
| 21.07.2026 | 7 ноќи | 419 € | 379 € | 379 € |
| 28.07.2026 | 7 ноќи | 419 € | 379 € | 379 € |
| 04.08.2026 | 7 ноќи | 419 € | 379 € | 379 € |
| 11.08.2026 | 7 ноќи | 399 € | 369 € | 369 € |
| 18.08.2026 | 7 ноќи | 379 € | ПРОДАДЕНО | 359 € |
Напомена:
- Цените се изразени по лице.
- Во цените е веќе пресметан попустот.
- Аранжманот е на база полупансион (HB – појадок и вечера).
- Бројот на места е ограничен.
















