Villa Dina – Poros Kefalonia
Кефалонија е најголемиот остров во Јонското Море, сместен јужно од Лефкада и Итака, а северно од Закинтос. Овој прекрасен грчки остров плени со својата природна убавина, кристално чисто море, живописни пејсажи и прекрасни плажи со песок и камчиња. Позната по мирната атмосфера, гостопримливите домаќини и романтичните крајбрежни места, Кефалонија е дестинација која остава незаборавен впечаток и желба повторно да се посети.
Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на островот, сместено во подножјето на планините Атрос и Пахни и опкружено со богата зелена природа. Наместо класично туристичко летувалиште, Порос нуди автентична атмосфера на активно гратче и пристаниште, кое најчесто го посетуваат туристи од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е оддалечен околу 41 км, а од Скала само 12 км. Местото располага со прекрасни плажи, романтични шеталишта, традиционални таверни, ресторани, продавници и сувенирници.
Vila Dina
Vila Dina се наоѓа во Порос, на само 50 метри од плажата и 70 метри од центарот на местото. Секоја соба располага со:
- кујна опремена со решо и фрижидер,
- сопствено купатило,
- приватна тераса.