Опис
НАПОМЕНИ:
1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3.Вонсезонските цени за сопствен превоз од редовната цена се намалува 20 евра (1.240 денари) од вкупната цена.
4. Во вонсезонските цени задолжително плаќаат толку лица колку што број на кревети има.
5. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
6. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
7. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
8.Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
9. При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
10. Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
11. При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
12. По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
13.Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.
14.Агенцијата организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат 5 евра по лице.


















